Што е Agouti?

Agouti е веб-платформа дизајнирана да ги поддржува специфичните локални проекти во рамките на секоја пилот земја каде што целта е да се користат снимките на цицачите за да се процени бројот и дистрибуцијата на различни видови.

Ова вообичаено го прават професионалци, љубители на природата со напредни познавања и обучени волонтери кои имаат пристап до голем број камери. Ако камерите се поставени според протоколите ENETWILD, податоците може да се користат за систематско проценување на густината на цицачите.

Автор: P Palencia/SaBio-IREC

Зошто да го користам?

Помогнете ни да ги користиме сликите добиени од фото-стапиците за да одговориме на важни прашања за популациите на цицачите.

Agouti користи чист и модерен интерфејс, насочен кон продуктивноста. Секој може да го користи со малку обука. Достапни се видеа за да се демонстрираат различните аспекти на системот.

Апликацијата работи заеднички со сите корисници за ефикасно управување со сите различни податоци што доаѓаат

Податоците се организираат со користење на меѓународни стандардизирани формати и може да се додадат во отворени архиви или друг софтвер за да се парви подоцна анализа

Апликацијата може да ја користите за обука на свој тим на соработници или за работа со други истражувачи.

Кои се придобивките од неговата употреба?

Нашето знаење за повеќето цицачи е сè уште прилично ограничено. Иако постојат многу детални студии за биологијата на цицачите, информациите имаат тенденција да бидат концентрирани на многу мали природни ареали. Важно е да се прошири ова многу локално гледиште, така што ќе можеме да добиеме повеќе информации за специфични цицачи во нивната поширока околина

Ќе можеме да ги потврдиме информациите што ни ги испраќате со помош на експерти и други членови на научната заедница. Оваа потврдена информација ќе биде испратена до централизираната архива на Глобален информациски систем за биолошка
разновидност (GBIF) и Европскaта агенција за безбедност на храна (EFSA), што истражувачите и менаџерите за диви животни ширум светот ќе можат да ги користат за да одговорат на сегашните и идните прашања за истражување и зачувување.

Зошто во GBIF?

GBIF – Глобален инструмент за информации за биолошка разновидност — е меѓународна мрежа и фондација за истражување, финансирана од владите ширум светот и има за цел секому, каде и да било да му обезбеди отворен пристап до податоци за сите видови на живот на Земјата.

Важен дел од мисијата на GBIF е да промовира култура во која луѓето ќе ги препознаат придобивките од објавување на податоци за биолошка разновидност со отворен пристап, за себе и за пошироката глобална заедница.

Со тоа што ќе ги направите вашите информации достапни преку GBIF и други мрежи со информации за биодиверзитетот, вие ќе придонесете за глобалното знаење за биолошката разновидност, како и за решенијата коишто ќе промовираат нејзино зачувување и одржливо користење.

Со тоа што вашите информации ќе ги поставите да бидат јавно достапни, се овозможува да се комбинираат бази на податоци од целиот свет, така што истражувачите можат да работат заедно на сродни задачи со заедничка цел.

Зошто во ЕФСА?

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) обезбедува независни научни совети на Европската комисија и на пошироката јавност за безбедноста на храната и ризиците во ланецот на храна. ЕФСА ќе ги користи собраните информации за изобилство и дистрибуција на диви цицачи за да го процени ризикот од болести кои влијаат врз животинскиот свет, добитокот и луѓето.

Како да го користам?

Agouti е дизајниран за лесно управување и обработка на слики и податоци од фото-стапиците. Крајната цел е да се соберат податоци, да се стандардизираат прибелешките и да се направат податоците достапни на пошироката научна заедница. Агути е содржи информации за проекти од организации и поединци. Проектите претставуваат различни собрани податоци за распоредувања – серија фотографии / видеа кои доаѓаат од една фото-стапица на една локација – до такви кои споделуваат одреден протокол за истражување.

На проектите работат учесници во шест различни улоги. Највисоко ниво е улогата на Главниот истражувач, кој има целосна контрола врз проектот, а најнизок е Волонтер, кој може да забележува само фотографии што веќе биле поставени. Корисникот може да има различни улоги во различни проекти. Содржината во рамките на проектите не е видлива за оние што не учествуваат. Одлуките за сопственост и споделување се на ниво на проект.

Учесниците на проект ги поставуваат податоците од нивните мемориски картички од фото-стапиците и рачно ја внесуваат локацијата и другите метаподатоци. Агути потоа ги внесува сликите, вади датуми, време и други податоци од метаподатоците на сликите и ги користи временските марки за групирање на слики во низи што претставуваат ист настан (на пр. поминување на животното). Сликите се пренесуваат преку автоматско препознавање на слики за да се идентификуваат низите што содржат луѓе. Овие секвенци се издвојуваат заради приватност. Преостанатите секвенци ги проверуваат аналитичари кои ја коментираат секоја посебно со едно или повеќе набудувања, користејќи лесен интерфејс. Интерфејс за стручна верификација е во фаза на работа.

Податоците можат да се вадат за анализа во разни пакети. Воведуваме алатки за да ги сумираме податоците од проектот во графикони и табели. Сликите и податоците се безбедно архивирани на универзитетски сервер, каде и направена и копија на два независни и физички одделени центри за податоци. Ќе бидат додадени линкови за пренос до постојаната архива – Zenodo , и до GBIF. Сопствениците на проектите можат да изберат да ги направат податоците достапни на научниците за истражување

Проектот ќе биде поставен така што сите податоци ќе можат автоматски да бидат достапни за споделување, а ние ќе го промовираме придонесот со GBIF или EFSA, користејќи експлицитна изјава на веб-порталот.

Agouti интерфејс за коментирање на низи на слики. Формуларот од десната страна му овозможува на аналитичарот (‘spotter’) да додаде едно или повеќе набудувања на секоја секвенца на слика. Лизгачот под сликата им овозможува на корисниците да се движат низ сликите или да ја репродуцираат целата низа како видео клип

Контакт